Автоматизација на клима комори и машинска сала со 5 PLC+HMI контролери од програмата на UNITRONICS - Израел. Системот е конфигуриран од 180 дигитални влезно/излезни точки и 60 температурни точки. Автоматско централизирано снабдување со топла и ладна вода на 5 клима комори од машинска сала. Летен и зимски режим на вентилација со контрола на температура, припрема на санитарна топла вода, припрема на топла вода за радијаторско греење во зимски режим и припрема на ладна вода за вентилоконвекторско ладење во летен режим. Задавање на неделни временски распореди во кои е вклучена зададена посакувана температура и капацитет на работа на секоја клима комора. Модулирано управување на вентилатори од клима комори со 10 фреквентни регулатори од програмата на YASKAWA.