МyHAS ќе се погрижи за осветлувањето, ролетните, греењето и ладењето, шуко штекерите но и секој друг електричен апарат во вашиот дом - рачното управување со електричните апарати е минато.
Управувајте и следете го вашиот дом преку мобилен телефон, таблет, компјутер или уште подобро, воопшто НЕ УПРАВУВАЈТЕ!
MyHAS автоматски ќе ги вклучува и исклучува електричните апарати според претходно зададен временски распоред од ваша страна.
Активирајте/деактивирајте повеќе електрични апарати според претходно дефинирани сценарија. Преку интернет. Било каде да сте.
MyHAS е модуларен. Вие бирате кои електрични aпарати ќе ги интегрирате.
Штедете енергија и уживајте во зголемената удобност на вашиот дом заедно со MyHAS, успешна приказна на современото живеење која што не смееете да ја пропуштите!
Почуствувајте го myHAS искуството со притискање на Демо 1, Демо 2 или Демо 3 копчињата и логирање со корисничко име: demo и лозинка: demo .
Современ систем на ред на чекање е фундаментален за вашите клиенти. Ние нудиме флексибилни решенија со печатени тикети, како за големи, така и за мали компании, покривајќи ги основните, како и комплексните потреби.
Среќните клиенти се добри клиенти. Ако можете да обезбедите одлично искуство во текот на нивната посета, тие најверојатно ќе се вратат и ќе им ги препорачуваат вашите услуги на другите.
Довербата на HasQueue веќе му ја подарија една клиничка болница, неколку поликлиники и биохемиски лаборатории.
Изберете помеѓу комбинирано хардверско решение или чисто софтверско решение.
Контактирајте не за повеќе детали.
Со МyHOTEL современото и технолошки софистицирано менаџирање на вашиот хотел/мотел/угостителски објект е реално и остварливо.
МyHOTEL ви дава детален увид во работење на вашиот хотел без разлика на тоа каде се наоѓате. Потребен ви е само интернет.
Софтверската компонента на МyHOTEL овозможува yправување и надзор на параметрите на сите хотелски соби/апартмани од рецепционерскиот пулт, управување на единечна соба преку паметен уред за корисник, активација и деактивација на картици и паметни телефони за контрола на пристап, хронолошки извештаи за настани во секоја од хотелските соби (влез/излез на корисник, хигиеничар, администратор, притиснат SOS тастер, отворен прозорец, врата итн), интеграција на дополнителни системи што користат отворен протокол (противпожарни централи, алармни централи итн).
Со користење на MyHOTEL Вашите вработени ќе работат попрецизно и побрзо. Комфорот и безбедноста на вашите клиенти ќе се зголеми. Вие ќе заштедите време, енергија и пари.
MyHOTEL го изработуваме со цел да ги задоволиме потребите на најголемиот дел угостителски објекти. Но доколку имате специфичнo барање, не се тревожете, тимот на ХАС Иженеринг ќе го надгради MyHOTEL според вашето барање.
Проектот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој