Previous Next

Систем за авторизиран премин на наплатни станици - Јавно Претпријатие за Државни Патишта

Проектирање, производство, монтажа, поврзување и пуштање во работа на електронски склоп за потребите на Јавното Претпријатие за Државни Патишта за авторизиран премин на наплатни станици. Електронскиот склоп е лабораториски испитуван од страна на Институтот за Електроника при Факултет за електротехника и информатички технологии - Скопје од каде што доби само позитивни коментари. Позитивните резултати од лабораториските испитувања уредот ги докажа и во пракса односно во реални работни услови со интензивна 24/7 работа на повеќе од 80 локации каде што е поставен. 

Електронскиот склоп е со следните карактеристики:

  • Оптички изолиран RS232 комуникациски интерфејс;
  • Оптички изолиран USB комуникациски интерфејс;
  • Една порта за поврзување на читач на безконтактни картици со Wiegand протокол;
  • Четири оптички изолирани дигитални влезови - за следење на состојба на рампа и статус на семафори;
  • Еден релеен излез за управување на електромеханичка рампа;
  • Три оптокаплерски излези за управување на семафор;
  • Комуникациска порта за понатамошно проширување на системот.