❗ Довербата што нашите клиенти ја имаат во гамата на производи на Делта Електроникс за индустриска автоматизација, но и во нашиот технички тим, повторно резултираше со учество во нов проект за сериско производство на машини.
❗ Започнуваме со изработка на електроразводни контролни ормари за автоматика на машини за обработка на метал. Проектните барања за ваков тип на машини меѓу другото диктираат потреби за голема брзина, прецизно позиционирање, доверливост и робустност.
✅ Затоа, процесната опрема е комплетно од понудата на Делта Електроникс: PLC AS200 серија со пропратни I/O единици, серво драјвери ASDA-B3A серија, фреквентен регулатор МЕ300 серија итн.
Следете не и понатаму...
#workinprogress #staytuned #industrialautomation #plc #hmi #variablefrequencydrive #servo #powersupply
