Се фрустрираш од високите
сметки за струја?

И ние. Затоа решивме да направиме систем којшто ќе ти помогне
преку мобилниот телефон да ја оптимизираш потрошувачката на
електрична енергија и да имаш поголем комфорт дома.

Kажи ми повеќе! Бесплатна консултација

30-40% од електричната енергија во нашите домови е потрошена залудно!


...што во превод означува дека ако годишно на адреса на ЕВН уплаќаш 80.000 денари, ~ 24.000 денари од нив треба да останат кај тебе.

Каде е проблемот?

Според нашата анализа, има 6 сегменти коишто допринесуваат за оваа загуба на енергија и пари:

— Застарените апарати во домаќинството
— Слабата изолација на нашите домови
— Нашите навики
— Неефикасни системи за греење и ладење во домот
— Технолошкиот развој и технолошките трендови
— Немање на контрола врз нашата потрошувачка на ел. Енергија

Но, има и еден уште поголем проблем.

Електричната енергија од година во година станува се поскапа.

Каде е решението?

Од една страна “експертите" предлагаат да ги следиме новите технолошки напредоци, што во превод значи секоја втора година да купуваме нови апарати во домаќинството.

Од друга страна пак, она што можеш и ти да го забележиш е дека во моментов има наплив на “паметни" направи со коишто реално се решаваат само периферните предизвици на проблемите погоре. (плус, некои од нив се прилично скапички)

Користејќи паметни светилки или паметни термостати во домот е во принцип исто како кога ќе отидеме на доктор со стомачни болки, наместо да истражи докторот како се храниме и како тоа повторно да не се случи, ни препишува еден куп лекарства и антибиотици.

Пред 16 месеци решивме да му пристапиме на ова од друг агол.


Наместо да дизајнираме и креираме уште една паметна направа, решивме да направиме системско решение коешто ќе ти даде специјални моќи :)

Нашиот предизвик беше со неколку клика од твојот мобилен телефон да можеш да исконтролираш што и каде да работи и троши електрична енергија во твојот дом.

MyHAS


Решение преку со коешто преку мобилниот телефон ќе го менаџираш и контролираш твојот дом со цел да го подобриш твојот конфорт и да ја оптимизираш потрошувачката на електрична енергија

Што треба да знаеш за MyHAS решението


Изгледа супер

Кога го осмислувавме дизајнот, основната цел ни беше да биде колку што е можно поедноставен. Целта е да можеш интуитивно да го управуваш твојот дом.

Едноставно за користење

Првото нешто што ќе забележиш е дека гледајќи го домот од "птичја перспектива" ти дава контрола лесно и брзо да ја контролираш било која соба или елемент.

За целото семејство

Секако, членовите на семејството коишто сметаш дека треба да имаат пристап, ќе можат да ги управуваат сегментите и на тој начин да се заштеди енергија, нерви и пари.

Секогаш при рака

Можеш да го управуваш од мобилен телефон, лаптоп и таблет- дури и кога си на стотици километри далеку од дома.

Лесно прилагодливо

Од начинот на којшто го составуваме за тебе до сите промени што ќе можеш да ги правиш во твојот дом дури и кога не си дома, клучниот збор за ова решение е ФЛЕКСИБИЛНОСТ.

Создадено во Македонија

ХАС Инженеринг е Mакедонска компанија и овој проект е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Што ќе добиеш користејќи го MyHAS решението секој ден


Еве ги најважните бенефити од користењето на ова ново решение во твојот дом

1. Преглед на твојот дом 24/7

Ќе имаш преглед на активните елементи во секоја соба одделно 24/7, директно од твојот мобилен.

2. Паметно управување на греењето

Ќе можеш да го вклучуваш и исклучуваш греењето како и да поставиш интервали кога [автоматски] да биде вклучено, а кога исклучено.

3. Постигнување на идеална температура

Ќе можеш да прецизно да ја диктираш температурата во твојот дом и секоја соба посебно.


4. Контрола на фенкојлери

Ќе можеш прецизно да ја диктираш температурата на греење и/или ладење на фенкојлери во твојот дом. Исто така, ќе можеш и да поставиш интервали кога и каде (во која просторија) да бидат вклучени и исклучени автоматски.

5. Навремено информирање

Ќе можеш да добиваш email известување од МyHAS доколку нешто не е како што треба.

6. Контрола на бојлер

Ќе можеш да го вклучуваш и исклучуваш бојлерот мануелно, како и да поставиш временски распоред кога да се исклучува и вклучува автоматски.


7. Контрола кога и каде е осветлено

Ќе можеш да го управуваш осветлувањето во секоја соба посебно или групирано.

8. Контрола врз апаратите дома

Ќе можеш да ги управуваш шуко приклучоците во твојот дом, а со тоа да ги вклучуваш и исклучуваш апаратите во домаќинството.

9. Многу други можности

Контролирање и управување на алармните инсталации, брави, ролетни, озвучување и останати електрични системи. Но, мораме да подвлечеме дека ова многу зависи од моменталната ситуација во твојот објект.

Како функционира сето ова?


Покрај главните бенефити наведени погоре, еве од што се состои MyHAS решението

1. Предлог Проект

За да понудиме одлично решение, потребно е прво да го погледнеме твојот дом и да изработиме предлог проект.

2. Хардвер

Потпирајќи се на предлог проектот, ќе утврдиме кои електронски елементи се потребни за поставување.

3. Софтвер

Штом ги знаеме карактеристиките, ја изработуваме апликацијата преку којашто ќе го контролираш твојот дом.

4. Техничка Поддршка

За полесно управување со решението, ти и твоето семејство ќе добиете краток тренинг за користење како и континуирана поддршка од тимот на ХАС Инженеринг.

Како се имплементира?


Откако ќе го направиме нацрт проектот и персонализираната понуда ќе биде прифатена од твоја страна, ќе настапи фазата на имплементација која ќе ја изведеме во 3 чекори.

  • Чекор 1: Поставување на хардверските елементи во твојот дом
  • Чекор 2: Креирање на апликацијата за управување на MyHAS преку мобилен телефон, веб и таблет.
  • Чекор 3: Тестирање и пуштање во употреба.

Колку ќе чини?


Целта на MyHAS e да биде решение во коешто инвестираш еднаш и нема да има месечни трошоци туку заштеда.

Бидејќи секој дом е различен, решивме да понудиме опција за бесплатна телефонска консултација каде ќе добиеш ориентациона цена за твојот дом.

За да има целосна транспарентност, подолу ќе ги видиш елементите коишто ќе се користат.

Погледни ги и потоа стисни на синото копче и пополни ја кратката форма.

Откако го направиш ова, ќе те контактираме, ќе ти поставиме неколку прашања и ќе направиме ориентациона цена за тебе.


Успешен пример


Неодамна посетивме дом, кадешто главниот предизвик беше енергетски ефикасно управување на подно греење кога изворот на енерија за затоплување на водата може да биде сончев колектор или електричен котел. Во продолжение ќе ги споделиме двете најинтересни карактеристики на решението:

Персонализација

Долниот дел од прозорецот го содржи интерфејсот за влезни параметри. Преку овој интерфејс корисникот може да го вклучи/ исклучи подното греење како и да зададе температура на котел, бојлер, разлика во температури на котел и бојлер и надворешна температура.

Автоматизација

На овој прозорец можеме да ја видиме опцијата за дефинирање на интервали за временски распоред според кои може да работи подното греење. Овој генерален прозорец се користи за додавање и овозможување/ оневозможување на интервалите.

Конфигурирање

Корисникот во прозорецот за секој интервал може да конфигурира: Име на интервал, времетраење на интервалот во 24h формат, температура на котел, бојлер, разлика во температури, денови во кои ќе биде активен интервалот со овозможување на зелените чекбоксови.

Дали сакаш да дознаеш, како и колку може да се “опамети" твојот дом за да ти троши помалку струја и пари?

Супер. Тогаш навистина сакаме да ни кажеш повеќе и да направиме ориентациона цена за тебе. Кликни на копчето подолу и пополни ја кратката форма.

Да, сакам ориентациона цена

Или јави ни се на +389 (70) 805 145.

100% Гаранција за квалитет и сигурност


Кога ја формиравме компанијата ХАС Инженеринг, решивме дека нема да правиме компромис со квалитетот и високите стандарди на се што ќе создадеме како решение или услуга, како и довербата на луѓето коишто ќе ги заменат тешко заработените пари за нашите продукти или услуги.

Ние веруваме дека ова е минимум што треба да се очекува од еден професионален тим.

    ЧПП


    Сигурно имаш прашања. Еве ги одговорите на неколку коишто веќе ни беа поставени:

    Дали треба да потпишувам долгорочен договор?

    Доколку си како нас, мразиш обврзувачки договори :) Одговорот е НЕ. Нема долгорочни договори. Од друга страна пак, ние долгорочно ќе бидеме тука за тебе, дури и без договор.

    Не сум многу по технологијата, дали ќе можам да се снајдам?

    Доколку го читаш ова на твојот компјутер, таблет или мобилен, тогаш одговорот е АПСОЛУТНО :) Првото нешто коешто ќе го забележиш е колку сè е едноставно подредено.

    Дали има месечна такса?

    Не. Во моментов решението MyHas се базира на еднократна инвестиција. Штом дознаеме што точно сакаш да контролираш во твојот дом, ќе добиеш проект и финална цена за имплементација.

    Дали е безбедно да го контролирам мојот дом преку мобилен?

    Апсолутно. Врската преку којашто ќе го управуваш твојот дом далечински е потполно заштитена од надворешни влијанија. Важно е лозинката и другите персонални информации да се не споделуваат со трети лица.

    Што да направам доколку нешто не функционира?

    Тимот на MyHAS е тука за тебе во секое време. Штом го поставиме MyHAS решението во твојот дом, ќе добиеш контакт информации коишто треба да ги искористиш во случај на проблем или прашања.

    Дали е потребен сериозен зафат (копање ѕид) за да се постави?

    Најчесто не. Но, ова зависи од 2 работи. Првата е: Кои се твоите желби и потреби. Втората е моменталната ситуација во твојот дом. За конкретен одговор, ќе треба да го направиме нацрт проектот.

    За ХАС Инженеринг


    ХАС Инженеринг е компанија која е основана во 2014 година во Скопје од страна на тројца дипломирани електро инженери.
    Идејата за оформување на нашата компанија доаѓа заедно со идеjата за развој на систем за домашна автоматизација, кој ќе биде со достапни цени за нашиот пазар.

    Дел од клиентите за коишто имаме работено се: ВИТАМИНКА АД Прилеп, КНАУФ РАДИКА Дебар, OKTA Скопје, ВИВАКС Скопје, ТУТУНСКИ КОМБИНАТ Скопје, ЈП МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Скопје и други.

    Бесплатна консултација