Во најголемиот дел од досега реализираните проекти, нашиот пристап кон веб програмирањето е различен од стандардна веб апликација. Имено, изработуваме веб базирани софтвери што работат во реално време и многу често во себе интегрираат хардверски компоненти од наше производство или од било кој друг производител што нуди хардвер со отворен комуникациски протокол. Користиме Codeigniter PHP во комбинација со Bootstrap, HTML, CSS, Javascript, python. Oсвен веб софтверските модули за системите myHAS и myHOTEL, нудиме и веб базиран софтвер за ред на чекање од сопствено производство. Доколку ви е потребна изработка на специфичен веб базиран софтвер кој може да вклучува и интеграција на определен хардвер, тогаш се наоѓате на вистинското место. Нудиме и изработка на веб страни во Joomla CMS.