Нудиме комплетни решенија за проектирање и изведба на домофонски и видеодомофонски системи. 

Домофонијата е веќе широко распространета како систем за комуникација и контрола на пристапот во зградите. Што е дефиниција за домофон во денешно време? Аудио комуникација во две насоки со можност за отворање на вратата. Оваа дефиниција важеше пред многу години. Денес, т.н. видеодомофони имаат многу особини кои ни овозможуваат безбедност и удобност во нашите домови. Ние ви нудиме домофонски и видеодомофонски системи во различни комбинации во зависност од вашите потреби.