Нудиме комплетни решенија за проектирање и изведба на жичани и безжичани алармни системи. 

Алармниот систем може да биде многу ефикасно средство за спречување на провала во вашиот дом. Истражувањата покажуваат дека 60% од провалниците би биле обесхрабрени и би се откажале од провала во куќа доколку истите би знаеле дека куќата е опремена со алармен систем. Ова значи дека без разлика дали ќе заминете на одмор или едноставно ќе ги исклучите светлата со цел да се одморите по долгиот работен ден, вградениот алармен систем во вашиот дом ќе ви овозможи да се чувствувате помирно, заштитувајќи ги вашите лични предмети и уште поважно - Вас и Вашето семејство.