Компанијата е основана во 2014 од тројца дипломирани електро инженери, кандидати за магистри. Hудиме комплетни решенија (проектирање и изведба) на системи за автоматизација и визуелизација на секаков вид на индустриски процеси и производствени машини, автоматизација и визуелизација на системи за греење, ладење и вентилација, домашна автоматизација. Изработуваме и веб и десктоп базирани софтвери за најразлична намена и во истите често интегрираме хардвер од наше производство како и хардвер со отворен протокол од други производители. Вршиме проектирање и изведба на безбедносни системи (техничка заштита од кражба и напад, видео надзор, системи за контрола на пристап), домофонија и видеодомофонија и паркинг системи. Системите за автоматизација на индустриски процеси и производствени машини и системите за греење,ладење и вентилација ги пласираме во индустријата со течни и тврди горива, индустријата за обработка на дрво и пластика, производство и пакување на прехрамбени производи. Со системите за домашна автоматизација и безбедносните системи најчесто дејствуваме во соработка со градежниот сектор. Иновативните технолошки решенија и услуги со највисоко ниво на работна автономија и ефикасност во управувањето се трајно обележје и работен кодекс на нашите инженери.